Ханси Флик е адутот на Барса, во ЛШ има дури 24 победи на 28 натпревари

Барселона со две победи над Бенфика се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Каталонците ќе бидат фаворити и во таа фаза, без разлика дали ривал ќе им биде Борусија Дортмунд или Лил, по што би дошло тешко полуфинале со Баерн Минхен или Интер.

Барса игра добро, ефикасно, полни се со самодоверба, а имаат и тренер кој знае како е да се победува и да се освои титула во елитното европско натпреварување.

Ханси Флик во тренерската кариера како шеф на Баерн и Барса има 28 меча и неговите тимови добиле дури 24, а претрпеле само два порази. Гол-разликата му е неверојатна: 89-28.

Вечерва откако се најдоа во четвртфиналето, Флик рече дека ќе биде тешко да ја освојат ЛШ, но дека ќе се обидат и веруваат дека можат да го направат тоа.

„Мислам дека е добро што играчите размислуваат дека можеме да ги освоиме сите трофеи. Имаат самодоверба, веруваат во тоа што го прават, но мојата работа е да останам смирен и да гледам на следниот натпревар. Од ден на ден стануваме подобри, имаме добра атмосфера, играчите се забавуваат. Да, тешко е да се освои Лигата на шампионите, но се надеваме дека ќе го постигнеме тоа“, изјави Флик.

- Оглас -

Најнови вести