Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски вечерва одигра десетина минути во победата на неговиот Ал-Ахли против катарски Ал-Рајан од 2-0, со што саудискиот тим се пласира во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.
Двата гола за Ал-Ахли ги даде Ријад Марез. Алиоски влезе во игра во 88-мата минута на местото на Галено, а имаше и 8 минути судиско продолжение.