Донарума повторно е англиски пеналџиски „крвник“, го исфрли Ливерпул од Лигата на шампионите

ПСЖ беше подобар од Ливерпул по пенали, а јунак на Светците од Париз е голманот Џанлуиџи Донарума, кој им ги одбрани шутевите од 11 метри на Дарвин Нуњез и Кертис Џонс.

Донарума пред три и пол години во финалето на ЕП им донесе победа на Италијанците над Англија во Лондон, а и вечерва Италијанецот пак беше кобен по англиски тим во пенал-рулет.

Ливерпул беше еден од главните кандидати за трофејот во ЛШ, но не стигна ни до четвртфиналето во кое ПСЖ ќе се сретне најверојатно со Астон вила.

Ова е историски потфат за францускиот првак, за првпат Ливерпул е елиминиран во ЛШ откако го добил првиот меч на гости.

- Оглас -

Најнови вести