Индијана постигна „четворка“ за победа, Кливленд испиша историја со 15 победи по ред (Видео)

Четири меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата и на сите четири победија домашните екипи. Најдраматично беше во Индијана, каде домашниот тим на неверојатен начин стигна до триумф против Милвоки бакс.

Во текот на целиот меч беше неизвесно, а кулминација се случи буквално во последните секунди. Милвоки водеше со 114:111, а Индијана го имаше последниот напад. Топката дојде до Тајрис Халебурт, кој од многу тешка позиција шутираше за три поени, а беше и фаулиран. Топката успеа да заврши во кошот, а поради фаулот имаше и дополнително слободно фрлање кое беше реализирано за 115:114.

Индијана во последниот напад што го имаше на три секунди до крајот на мечот успеа да постигне четири поени од еден напад и да стигне до триумф.

Кливленд кавалирс продолжува со доминацијата и го победи Бруклин со 109:104. Домаќините дури во последната четвртина го скршија отпорот на гостите. Бруклин водеше по три четвртини со осум разлика, но најдобриот тим во лигата сезонава не дозволи изненадување и со фуриозна игра во последниот квартал стигна до победа.

Кливленд сега има 55 победи и само 10 порази. Ова беше 15-ти триумф во низа, нешто што во историјата на НБА им успеало само на пет НБА-екипи претходно. Со оваа победа Кливленд и дефинитивно ја обезбеди шампионската позиција во Централната дивизија.

Резултати од утринските дуели: Детроит – Вашингтон 123:103, Њу Орлеанс – ЛА клиперс 127:120, Кливленд – Бруклин 109:104 и Индијана – Милвоки 115:114.

- Оглас -

Најнови вести