Луис Енрике: Ниту еден од двата тима не заслужи да биде елиминиран

Францускиот првак Пари Сен Жермен направи нешто што ретко кој тим успеал, да го елиминира Ливерпул во Лига на шампиони и тоа со победа на „Енфилд роуд“. ПСЖ беше подобар со 1:0 по 90 минути игра, па мораше да се играат продолженија бидејќи Ливерпул со истиот резултат славеше во Париз на првата средба.

Во дополнителните 30 минути немаше погодоци, па остана пенал-рулетот да го одреди патникот во четвртфиналето. ПСЖ ги погоди сите четири удари од белата точка, додека Ливерпул промаши два од трите пенали (Донарума одбрани двапати).

По мечот, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше пресреќен.

„Денеска тие играа подобро од нас, но мислам дека мојот тим покажа голем карактер и тоа на „Енфилд роуд“, кој е посебен стадион. Го дадовме најдоброто од себе. Беше многу тешко да се игра под толкав интензитет. И двата клуба заслужија да одат понатаму. Карактерот и борбеноста беа решавачки при изведувањето на пеналите“, задоволно коментираше Енрике по пласманот на ПСЖ меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести