Пет спектакуларни меча заедно носат квота над 50

Пет супер интересни дуели се дел од Квотите на денот, а понудените комбинации ако заедно ги одиграте на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 53.35.

Лил е домаќин на Борусија Дортмунд и тука опцијата е на од еден до три гола во првото полувреме, а на крајот да биде со 3+ погодоци. Оваа комбинација носи квота од 2.35.

Македонија ја пречекува Словенија во ракометните квалификации и нашата селекција е фаворит за победа. Македонија да води на полувреме и да победи на крајот е со коефициент од точно два.

Арсенал покажа доминација над ПСВ во првиот меч, па и сега се очекува Топчиите да постигнуваат голови. Опцијата Арсенал да даде барем по еден гол во првото и барем еден гол во второто полувреме е со квота од 2.20.

Главното шоу ќе биде во Мадрид, каде што Атлетико е домаќин на Реал. Двата тима да постигнат гол и да биде 2+ погодоци во вториот дел е со квота од 2.40.

Астон вила да го победи Бриж во меч на кој ќе има најмалку еден погодок во првото полувреме е со коефициент од 2.15.

- Оглас -

Најнови вести