Мохамед Салах има фантастична сезона и е вистински предводник на Ливерпул. Тој е најдобар стрелец и сигурно еден од најзаслужните што Црвените имаат двоцифрена предност во однос на сите ривали во Премиер лигата.
Со Салах на чело, Ливерпул стигна и до првото место во групната фаза од Лигата на шампионите, но сепак тимот испадна во првата нокаут-рунда. Во двомечот против ПСЖ, Салах делуваше немоќно, едноставно не беше препознатлив, но тој беше единствениот играч на Ливерпул, кој постигна гол во пенал-руелотот по кој неговиот тим беше елиминиран.
По завршување на средбата, Салах не можеше да ги сокрие слозите и со плачење и аплауз ги поздрави фановите на „Енфилд роуд“. Прашање е дали ова емотивно отворање на Салах е поради тоа што неговиот договор му истекува на крајот од сезоната и многу е веројатно дека ќе си замине од Ливерпул, што значи дека дуелот против ПСЖ би бил последен за него во црвениот дрес на англискиот гигант во елитната Лига на шампиони.
Mo Salah was left in tears following Liverpool’s exit in the Champions League
byu/DavidRolands insoccer
Засега има многу шпекулации околу идинината на Салах, но уште ништо не се знае. Салах со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2019 година.