Милевски со 27 фудбалери против Лихтенштајн и Велс, дебитантски повик за Лука Станковски (Фото)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, повика 27 фудбалери, кои ќе бидат во комбинација за настап на дуелите против Лихтенштајн на гости и Велс на домашен терен. Македонија квалификациите за Светското првенство ги започнува со проверени сили, а дебитантски повик има за Лука Станковски од екипата на Раднички Крагуевац.

Квалификациите за Светското првенство ги отвораме со дуел против Лихтенштајн на гостински терен на 22-ри месецов, додека три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме селекцијата на Велс.

- Оглас -

Најнови вести