Младите македонски фудбалерки со максимален ефект и без примен гол до пласман во Елитната рунда (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години ја забележа и втората победа на квалификацискиот турнир во Скопје и обезбеди пласман во Елитната рунда. Македонските млади фудбалерки откако ја декласираа Молдавија со 5-0, сега ја совладаа и Словенија со 1-0.

Единствениот гол на мечот беше дело на фудбалерката на шампионот Љуботен, Настасија Накова, во осмата минута и тоа директно од слободен удар.

Македонија со тоа ја завршува групната фаза на првата позиција со максимални шест бода, шест дадени и ниту еден примен гол. Она што е интересно е дека токму Накова е стрелец на четири од овие шест гола за Македонија на турнирот во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести