„Фул“ поддршка за ракометарите (Фото)

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе има максимална поддршка од трибините на дуелот против Словенија, што во овие моменти стартува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.


Трибините се преполни, фановите се тука да им дадат крилја на избраниците на Кире Лазаров во обидот да стигнат до триумф против Словенците, кои овојпат доаѓаат ослабени, без неколкумина стандардни првотимци.


Македонија во моментот е на третото место на табелата во квалификациската група за ЕП, а еден триумф над Словенија би значел и голем исчекор за пласман на уште едно големо натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести