Борусија Дортмунд се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако славеше на гости против Лил во Франција со 1-2. Овој триумф се покажа како пресуден по ремито 1-1 на првиот меч во Германија.
Џонатан Дејвид донесе водство за Лил во петтата минута по проигрувањето од Исмаили, но Борусија Дортмунд имаше одговор во вториот дел.
Емре Џан израмни од пенал во 54-тата минута, а Максимилијан Бајер се погрижи за пресврт со голот во 65-тата минута. Тоа беше доволно за триумф на Милионерите и пласман меѓу осумте најдобри екипи во ЛШ.