Словенците, и преполовени, покажаа дека се пресилни за Македонија

Машката ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз (26-32) од Словенија во СЦ „Борис Трајковски“ во квалификациите за ЕП. Иако Словенците дојдоа со преполовен состав поради бројните повреди, сепак, покажаа дека и со таков тим се пресилни за Македонија.

Избраниците на Кире Лазаров тргнаа фуриозно, обезбедија водство од 6-3, зголемија и на 10-4, но потоа како да застанаа. Фуриозната игра траеше петнаесетина минути, а потоа Словенија возврати. Со неколку брзи противнапади намали на 16-15 на полувремето.

Во вториот дел, Словенија ги презеде работите во свои раце, диктираше темпо, поведе со 21-23, а потоа и зголеми на 22-27. Иако Македонија ги постигна наредните три гола и стигна до 25-27, потоа следуваше конечниот удар на Словенците кои зголемија на 25-30 и го решија мечот во своја корист (26-32).

Филип Кузмановски беше најдобар стрелец во македонскиот национален тим со десет гола, идентично како и Словенецот Алекс Влак кој постигна десет погодоци за противникот.

- Оглас -

Најнови вести