Реал Мадрид е последниот четвртфиналист во Лигата на шампионите откако по изведување пенали (2-4) ја доби мадридската пресметка со Атлетико. Кралскиот клуб во следната фаза ќе игра против Арсенал. Драмата го достигна врвот при изведувањето на ударите од белата точка.
Хулијан Алварес при изведувањето на пеналот играше двапати со топката, откако се лизна при изведувањето на шутот, но потоа и Јан Облак го одбрани ударот од белата точка на Лукас Васкес.
Did Julian Alvarez touch the ball twice when he slipped?
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) March 12, 2025
📸 @footballontnt #UCL pic.twitter.com/Fp3VJ4FcWa
Маркос Љоренте по ова ја погоди гредата, а Антонио Ридигер успеа да постигне гол за пласман во четвртфиналето.
Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-0 за Атлетико Мадрид, со голот што го постигна Конор Галахер само 28 секунди од стартот на дуелот.
Во 70-тата минута, Винисиус јуниор не успеа да искористи пенал. Тој шутираше високо над голот на Јан Облак.