Вирална сцена: Навивачите на Атлетико фрлија шише, Белингам го „пречека“ на глава (Видео)

Реал го елиминира градскиот ривал Атлетико по изведувањето на пеналите и се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па фудбалерите по мечот сакаа да ја споделат радоста со своите навивачи, кои се наоѓаа зад другиот гол.

Сепак, навивачите на Реал Мадрид беа на горните катови, а околу нив беа навивачи на Атлетико Мадрид, на кои не им се допадна прославата, па некој од нив фрли шише кон теренот, а Џуд Белингам скокна и го удри со глава.

Сцената на Белингам со шишето стана вирална и хит на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести