Последниот пенал за Реал требало да го шутира друг фудбалер, но Анчелоти го видел неговото лице и се премислил

Антонио Ридигер беше стрелецот на последниот пенал за Реал Мадрид, што значеше и победа од 4-2 во пенал-серијата над градскиот ривал Атлетико, но и пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Сепак, последниот пенал за Кралевите требало да го шутира друг фудбалер, но Карло Анчелоти во последен момент се премислил и довербата му ја укажа на германскиот интернационалец.

„Имав дилема кој да го изведе петтиот пенал за нас. Требаше тоа да биде Ендрик и го прашавме дали може да биде петтиот изведувач, но кога го видов неговото лице си помислив – Ридигер. Го ставивме Мбапе да шутира прв бидејќи е најдобар изведувач, а Ридигер последен бидејќи даде гол од пенал против Манчестер сити“, рече Анчелоти.

Тренерот на Кралевите имаше свој коментар и за контроверзниот пенал на Хулијан Алварес, кој беше поништен поради двојна игра.

„Кога сфативме дека двапати ја допре топката, реагиравме, но тоа веќе го имаа видено од ВАР-собата, нешто што јас не го сфатив од прва. Видов дека двапати ја допре топката“, вели Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести