Трагична вест го потресе нашиот северен сосед откако беше објавено дека поранешниот репрезентативен голман на Србија, Радиша Илиќ, извршил самоубиство со скокање од балкон. Не е позната причината за ваквиот чин на поранешниот 47-годишен голман.
Илиќ за селекцијата на Србија одигра само еден меч, и тоа против Македонија во 2008 година. Мечот заврши без победник, 1-1, а Илиќ остана несовладан пред да биде заменет на полувремето.
Радиша Илиќ во својата кариера го чуваше голот на Слобода Ужице, Партизан, Борац Чачак и ОФК Београд, додека интернационална кариера имаше во Национал Букурешт и грчкиот Пансераикос. Со екипата на Партизан освои пет шампионски трофеи, а двапати го освојуваше и Купот.