Суарес и Меси ја забавуваа публиката во Јамајка и му донесоа победа на Интер Мајами (Видео)

Интер Мајами без проблеми се најде во четвртфиналето на Шампионскиот куп на КОНКАКАФ зоната, што е пандан на Лигата на шампионите откако и во реваншот го победи Кавалир од Јамајка со 2-0, исто како и на првиот меч во Мајами.

Првиот гол го даде Луис Суарес од пенал, а во 53-тата минута Уругваецот излезе од игра и на негово место влезе Лионел Меси, што публиката го проследи со аплаузи. Меси даде гол за потврда на победата во 92-рата минута. Поранешните напаѓачи на Барселона имаат по 5 гола во овосезонскиот Шампионски куп.

Во четвртфиналето, Интер ќе игра со Лос Анџелес ФК.

 

- Оглас -

Најнови вести