Македонецот Андреј Јакимовски постави личен рекорд од 25 поени на својот последен натпревар во дресот на НЦАА тимот Колорадо бафалос.
Крилниот кошаркар беше феноменален на дуелот со Хјустон кугарс, но неговиот тим загуби и се прости од понатамошни настапи во плејофот во Биг-12 дивизијата во универзитетската НЦАА лига.
Сега Јакимовски треба да одлучи дали да се пријави на НБА драфтот или ќе се врати во Европа и ќе игра професионално за некој клуб од Стариот Континент, што е подобра опција и за македонската репрезентација бидејќи така би го имале во составот на националниот тим.