Вистински фудбалски спектакл меѓу Вардар и Шкендија се очекува на стадионот на ФФМ денеска од 15 часот, со оглед на моменталната форма и амбициите на двата клуба. Вардар влезе во ритам оваа пролет со реновиран состав и сигурно ќе сака да направи изненадување против лидерот на табелата.
Од друга страна, Шкендија не смее да си дозволи кикс ако сака да го задржи првото место и предноста пред конкурентите во борбата за титулата. Победата од 1-2 на првиот пролетен дуел против Вардар им дава самодоверба, но сега ги очекува многу помотивиран противник.

Дали Вардар ќе направи чекор кон сигурен опстанок или Шкендија ќе го потврди лидерското место? Натпреварот на стадионот на ФФМ ветува неизвесност и возбуда, а квотите во Sport Life се подготвени. Умерен фаворит е лидерот Шкендија, но и Вардар секако не е без шанси за успех.
Останатите натпревари од 24-тото коло во Првата фудбалска лига се играат утре, со почеток во 15 часот.