Медведев: Отсуството на Синер е добредојдено за сите останати тенисери

Данил Медведев го коментираше отсуството на Јаник Синер од турнирите во следните неколку недели, оценувајќи дека тоа е можност за другите тенисери да се истакнат. Русинот ја спомена и ситуацијата со суспензијата на светскиот рекет број 1.

Италијанецот е суспендиран од Светската Антидопинг агенција до 4 мај, што значи дека ќе ги пропушти четирите турнири од серијата „Мастерс 1000“.

„Во целина, отсуството на Синер, кој во последно време го освојува речиси секој втор турнир, а можеби и повеќе, дефинитивно е во корист на сите на тениската турнеја, не само за мене, туку буквално за сите“, изјави Медведев.

Сепак, Русинот не смета дека оваа ситуација значително ќе влијае на неговите настапи, признавајќи дека во последните турнири не стигнал до дуел со Синер.

„Со оглед на моите последни резултати, не сум премногу загрижен за Јаник Синер. На последните турнири дури и не играв против него бидејќи не стигнав доволно далеку“, додаде Медведев.

- Оглас -

Најнови вести