Дерби-дуелите во Англија, Шпанија и Италија привлекуваат да ја одиграте бесплатната Спортска прогноза

Новото 24-то по ред коло на Спортската прогноза е активно и во текот на утрешниот ден, сѐ до утре до 15 часот, до стартот на дуелот меѓу Монца и Парма. Вкупно 13 атрактивни меча од најсилните европски лиги се дел од предизвикот на прогнозерите да стигнат до Среќната 13-ка, поточно да ги погодат сите 13 фиксови.

Ако успее некој во тоа, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени се добива ваучер од 1.000 денари, а 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари.

Арсенал е домаќин на Челзи во лондонското дерби. Топчиите полека ги губат шансите во трката за титулата, но секако дека на оваа пресметка со Челзи ќе имаат посебна мотивација, впрочем како и Сините од „Стемфорд бриџ“.

Жестоко ќе биде и во Мадрид, каде што Атлетико ќе ѝ биде домаќин на Барселона во дербито на шпанското првенство. Атлетико на несреќен начин беше елиминиран од Реал во Лигата на шампионите, па сега ќе бара утеха во евентуален триумф против Барса во Ла Лига.

Аталанта, која во последниот меч убедливо со 0-4 го победи Јувентус во Торино, сега на домашен терен ќе го пречека актуелниот првак Интер.

- Оглас -

Најнови вести