Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра против Унгарија и против Романија во претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027 година.
Нашиот национален тим ќе биде дел од групата Б, и ќе се обиде да стигне до место во мундијалските квалификации.

Прашање е дали за овие натпревари ќе можеме да сметаме на нашите двајца најдобри кошаркари, Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс, поради тоа што настапуваат во Евролигата.
