Илија Несторовски со гол и асистенција го врати Славен Белупо на победничките патеки (Видео)

Славен Белупо после поразот од Динамо Загреб, им се врати на победите, а најзаслужен за тоа е Илија Несторовски, кој беше клучен играч во победата од 0-3 на гостувањето кај Горица.

Прилепчанецот во третата минута од судиското продолжение на првиот дел со прекрасен центаршут асистираше за водство од 0-1, а потоа во 81-вата минута успеа и да погоди, со што ги постави конечните 0-3 на гостувањето во Загреб.

Екипата од Копривница со оваа победа се искачи на четвртата позиција на табелата во најквалитетната хрватска лига, а со оглед на тоа дека веќе е и во полуфиналето од Купот, може да се надева и на излез во фудбалска Европа.

- Оглас -

Најнови вести