Пике со солзи во очите го напушти судењето за земените арапски милиони

Во Мадрид започна судењето за поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике. Тој е обвинет за земената провизија за преселбата на шпанскиот Супер куп во Саудиска Арабија. Пике и неговата компанија беа посредници, а новинарските екипи надвор од судот забележаа кога излегува со солзи во очите.

Тој пред судот се бранел дека сите пари кои ги зел се од Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија и дека се е легално. Пике навел дека со ваквите обвинувања му се нанесува ненадоместлива штета на неговиот углед, а целта била само да донесе нешто добро за шпанскиот фудбал.

За Жерар Пике ова не е првпат да седне на обвинителна клупа, бидејќи во 2019 година беше осуден за затајување на данок и мораше да плати казна од 2.1 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести