Неверојатен тикет во скопско Радишани излезе како добитен и донесе сума од еден милион денари. Играчот имаше одиграно 12 од 16-те меча од Лигата на Европа и Конференциската лига кои се играа во четвртокот и успеа да погоди квоти помеѓу 1.63 и 2.75.
Уплатата на тикетот беше само 200 денари, а нето износот на добивката 850.030 денари или нешто над 14.000 евра. На тикетот беа одиграни неколку различни игри, а ако се погледнат натпреварите и резултатите се чини дека никогаш полесно не е добиена милионска добивка.
Олимпијакос со гол во 65-тата минута направи пресврт и го победи Бодо Глимт со 2-1, додека Атлетик Билбао уште многу рано ја обезбеди победата над Рома. Ајакс во 78-мата минута постигна гол против Ајнтрахт Франкфурт, а Фенербахче во 73-тата минута го постигна вториот гол, па и овој натпревар беше фатен. Манчестер јунајтед беше убедлив против Реал Сосиедад, а и победата на Тотенхем и 3+ беа лесно „заокружени“.
Фиорентина и Панатинаикос во двете полувремиња постигнаа по два гола, додека на останатите натпревари од Конференциската лига беа одиграни конечни типови. Ѓургарден беше убедлив против Пафос со 3-0, Бетис уште поубедлив на гостувањето кај Гимараеш (0-4), додека Легија Варшава минимално со 1-0 го победи Молде со гол во 34-тата минута.
Слично беше и на преостанатите два натпревари. Серкл Бриж веќе во 50-тата минута ги постави конечните 2-0 против Јагиелонија, а со 4-3 го победи Цеље, но домашните имаа убедливи два гола разлика се до 95-тата минута.