Лејкерс без Дончиќ и Леброн немаше шанси против Денер и Јокиќ (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс ја оправдаа фаворитската улога и го победија ослабениот ЛА Лејкерс на домашен терен со 131-126. Иако настапија без Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, сепак лесно можеше да се случи победата да ја однесат и „езерџиите“, кои имаа водство од три поени во самиот финиш.

Никола Јокиќ го заврши мечот со 28 поени, седум скока и пет асистенции, што е под неговиот овосезонски просек од 29 поени, 12.9 скока и 10.4 асистенции.

Кошаркарите на Атланта и ЛА Клиперс срушија негативен рекорд и ја одиграа четвртината со најмалку поени оваа сезона. Во третиот период беа постигнати само 43 поени, домашните постигнаа осум, а гостите 35 поени.

Резултати:

Мајами – Бостон 91-103
Филаделфија – Индијана 100-112
Атланта – ЛА Клиперс 98-121
Хјустон – Далас 133-96
Мемфис – Кливленд 124-133
Минесота – Орландо 118-111
Сан Антонио – Шарлот 134-145
Денвер – ЛА Лејкерс 131-126
Јута – Торонто 118-126
Феникс – Сакраменто 122-106

- Оглас -

Најнови вести