Репрезентацијата на Бразил ќе биде без својата најголема ѕвезда за квалификациските дуели против Аргентина и Коломбија. Повредата на Нејмар се чини дека овој пат е вистинска, па тој го откажа настапот за селекцијата на „кариоките“.
Фудбалерот на Сантос заработи мала повреда пред роденденот на сестра му, што е традиција веќе една декада, но сега изгледа навистина е повреден, бидејќи фудбалерот отсекогаш имал желба да настапува за репрезентацијата.
Добар настап за репрезентацијата на дуели против Аргентина и Колумбија секако дека ќе беше и добра препорака за враќање во Европа, а неговиот агент веќе ги има понудено услугите на Нејмар на екипи како Барселона и Баерн Минхен, па налето може да се случи големо враќање на 33-годишниот фудбалер на европско тло.