Баерн Минхен и Манчестер Сити ќе победат, голови се чекаат од Милан и Реал Мадрид (Фото)

По еден меч од топ-5 лигите се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 56.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.10 и 2.30.

Од фудбалерите на Баерн Минхен се очекува да немаат проблеми на гостувањето кај Унион Берлин и да имаат водство на полувремето, но и да победат на крајот со меч на кој ќе бидат постигнати најмалку два гола. Доколку тоа се случи, квотата од 2.30 ќе биде добитна.

Очекувањата се дека Манчестер сити ќе слави на домашен терен против Брајтон, но за да биде добитна квотата од 2.20, потребно е да има и најмалку еден гол во првото полувреме.

Милан е фаворит против Комо, па квотата од 2.30 ќе биде добитна само ако домашниот состав не загуби во меч на кој ќе бидат постигнати најмалку три гола.

Реал Мадрид има незгодно гостување кај Виљареал, па од „кралевите“ се очекува дека нема да загубат, но и дека ќе се затресат двете мрежи. Доколку овие услови бидат исполнети, квотата од 2.10 ќе биде добитна.

Голови се очекуваат на дуелот помеѓу Анже и Монако. Понудената квота од 2.30 ќе биде добитна само ако во првиот дел бидат постигнати еден или два гола, но и најмалку три на целиот меч.

- Оглас -

Најнови вести