Речиси половина од типувачите веруваат во Барселона, Челзи без шанси против Арсенал

Типувањето за натпреварите од новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life е отворено до 15 часот, кога започнува првиот меч од понудата.

Два меча привлекуваат најголемо внимание ова коло, а секако во преден план е дербито на шпанската Ла Лига, помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Речиси половина од типувачите на Спортската прогноза веруваат во победа на „каталонците“. 48% од нив предноси ѝ даваат на Барселона, додека 22% очекуваат победа на Атлетико Мадрид.

Процентите за најинтересениот дуел од Премиер лигата, оној помеѓу Арсенал и Челзи се спротивни. 66% од играчите на Спортската прогноза очекуваат победа на „топчиите“, а само 11% од нив веруваат во победа на „сините“ од „Стемфорд Бриџ“.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести