Претставниците на УЕФА и ФИФА: „Ова е историски момент за македонскиот фудбал“

Во моментов се одржува редовното изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое се очекува Масар Омерагиќ да добие едногласна поддршка за четиригодишен мандат.

Собранието со свој говор го отворија претставниците на ФИФА и УЕФА, кои дадоа максимална поддршка за старо-новиот претседател на ФФМ.

„Почитуван претседателе, почитувани делегати, ми преставува чест да бидам дел од ова редовно изборно собрание. Сакам да пренесам поздрави од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, кој дава целосна поддршка. Денес е историски момент за македонскиот фудбал. Верувам дека ќе го направите најдобриот избор за иднината на македонскиот фудбал.“ – рече претставникот на ФИФА, Мерион Габат.

Делегатите ги поздрави и претставник на УЕФА, кој се потсети на настапот на Македонија на Европското првенство во 2021 година и ни посака среќа во новите квалификации.

„Големо задоволство е да се обратам во име на УЕФА и да ги пренесам поздравите од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. УЕФА гордо ја гледа Македонија како членка од 1994 година. За земја со популација од два милиони жители, имате резултати за почит. Сите го паметат настапот на Македонија на ЕП 2020 и импресивниот настап во квалифилациите за СП 2022, кога малку фалеше да бидете дел од завршницата. Сега пред вас е нов предизвик, а тоа се квалификациите за СП 2026.“ – рече претставикот на УЕФА, Лула Никола.

- Оглас -

Најнови вести