Реал Мадрид покажа шампионски карактер и е нов лидер во шпанското првенство (Видео)

Реал Мадрид прв пат по осум години победи на гостувањето кај Вилјареал и тоа со 2:1 во меч од 28 коло на шпанското првенство. Кралскиот клуб до триумф стигна до превсрт, откако Вилјареал прв даде гол. По оваа победа, Реал е лидер на табелата со 60 бодови, три повеќе од Барселона која има 57, но каталонскиот гигант има два меча помалку. Атлетико е трет со 56 бодови од 27 средби. Утревечер токму Атлетико Мадрид ќе биде домаќин на Барселона во дербито на колото.

Килијан Мбапе е херојот на шпанскиот првак на гостувањето кај Жолтата подморница. Откако Вилјареал даде гол по само седум минути игра, следуваше фуриозна игра на Реал, а Мбапе беше во центарот на вниманието.

Најпрво во 17 минута Мбапе погоди за 1:1, а веќе во 23 минута францускиот голгетер беше прецизен уште еднаш за 2:1 за гостите. Токму тој гол се покажа како решавачки за победа на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести