Ќе играат во четвртфинале во ЛШ, а во домашното првенство се очајни

Лајпциг со 2:0 славеше над Борусија Дортмунд во меч од 26. коло на германската Бундеслига. Чави Симонс во 18 минута погоди за водство на Лајпциг од 1:0, а предноста беше удвоена кога на почетокот на второто полувреме погоди Опенда.

Со оваа победа Лајпциг стигна до 42 бодови и е на петото место на табелата, додека Борусија Дортмунд по овој пораз само ја продолжи очајната низа. Милионерите останаа на само 35 бодови и моментално се на 11 место на табелата во Бундеслигата.

Интересно е дека Борусија за разлика од лошите резултати во домашното првенство, тоа е тим кој се избори за место во четвртфиналето од Лига на шампиони, каде ќе се сретне против Барселона.

- Оглас -

Најнови вести