Тиквеш со 2:1 го победи Гостивар во меч од 24 коло на Прва фудбалска лига. Со оваа победа Тиквеш освои три вредни бодови во трката за опстанок. Дуелот во Кавадарци беше тензичен, беа покажани дури 10 жолти картони, а имаше и еден црвен картон покажан на играч кој воопшто не беше на теренот.
Хрватскиот интернационалец Филип Михаљевиќ беше исклучен во 65 минута, а според Записникот направен по мечот, исклучувањето на фудбалерот на домашната екипа е поради неспортско однесување. Тоа неспортско однесување, е дообјаснето и се вели дека се работи за вршење на физиолошка потреба на теренот во време на игра.