Торино минимално со 1:0 го победи Емполи во меч од 29 коло на италијанската Серија А. Со оваа победа Торино веќе е на средината од табелата со 38 бодови, додека Емполи останува во зоната за испаѓање со само 22 бодови.
Никола Влашиќ во 70 минута го постигна голот за Торино кој се покажа како доволен за победа на домашниот тим. Кај Торино, четврти меч по ред меѓу стартерите беше и Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец одигра 83 минути, кога беше повлечен на клупата за резервни играчи.
Во четирите дуели на Елмас како стартер за Торино, неговиот тим клуб има три победи и едно реми, односно освоено 10 од можните 12 бодови во Серија А.