Холгер Руне и Џек Дрејпер ќе се соочат во финалето на Индијан Велс, откако двајцата ги победија своите противници во полуфиналните мечеви. Руне го совлада Данил Медведев со 2-0 во сетови (7-5, 6-4), додека Дрејпер беше подобар од Карлос Алкарас со 2-1 во сетови (6-1, 0-6, 6-4).
Дрејпер, кој претходно ги освои турнирите во Штутгарт и Виена, со оваа победа се пласираше во своето прво финале на Мастерс 1000 серијата и ќе влезе во топ 10 на АТП ранг-листата.
Руне, пак, ја обезбеди својата 150-та победа во кариерата и ќе игра во своето четврто Мастерс 1000 финале. Досега има една титула од Париз.
Во нивниот единствен претходен дуел, минатата година во четвртфиналето на Синсинати, Руне победи со 6-4, 6-2.