Нов дебакл за Јувентус, овојпат од Фиорентина (Видео)

Дебаклот од Аталанта на домашен терен пред само една седмица и поразот од 0-4, како да не беа доволни за Јувентус, па „старата дама“ загуби и на гостувањето кај Фиорентина со убедливи 3-0. Тоа би значело дека Јувентус прими седум во рок од една недела, а не постигна ниту еден.

Гусенс, Мандрагора и Гудмундсон беа стрелци на головите за Фиорентина. „Старата дама“ останува на петтата позиција со 52 бода, еден помалку од четвртопласираната Болоња.

- Оглас -

Најнови вести