Фудбалскиот клуб Гостивар после поразот со 2-1 од Тиквеш во Кавадарци, со соопштение се пожали на делењето на фудбалската правда, а денес обвинува и за саботажа. Според гостиварци, тие биле во карантин во Кавадарци пред мечот и се сомневаат дека намерно биле затруени со храна, па најавија дека за овој инцидент ќе ги известат судските органи.
Во продолжение комплетното соопштение на ФК Гостивар.