Фудбалерите на Интер го направија можеби клучниот чекор кон одбраната на трофејот од Серија А, откако славеа на гостувањето кај Аталанта со 0-2. Нероаѕурите сега имаат три бода повеќе од Наполи и дури шест плус од денешниот противник.
Творци на победата за Интер на ова тешко гостување беа Карлос Агуеро во 54-тата и Лаутаро Мартинес во 87-мата минута.
На мечот во Бергамо беа покажани и три црвени картони. Најпрво во 81-вата минута патот кон соблекувалната му беше покажан на домашниот фудбалер Едерсон, кој заработи втор жолт картон. Следуваше исклучување на тренерот на Аталанта, Гасперини, во 88-мата минута, а во 95-тата минута беше исклучен и фудбалерот на Интер, Бастони.