Седум репрезентации веќе се на ЕП, Македонија сега не зависи сама од себе

Ракометната репрезентација на Македонија и по вторпат загуби од Словенија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 и сега нѐ очекува трнлив пат до продолжување на континуитетот настапи на големите натпреварувања.

Во мај ќе играме најпрво против Естонија на гостински терен, а потоа и против Литванија на домашен терен. За пласман на Европското првенство ќе ни бидат потребни две победи, било каква против Естонија, но и од најмалку два гола против литванците. Сепак, за да дојдеме до второто место ќе ни треба и помош од Словенија, која ќе треба да слави на гостувањето кај Литванија.

Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани селекции од секоја група, како и четири најдобри третопласирани од вкупно шест групи, па теоретски и со било каква победа над Литванија на домашен терен, веројатно ќе се најдеме помеѓу тие четири репрезентации, кои како „среќни губитници“ ќе се пласираат на континенталниот собир.

Европското првенство ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, а освен овие три селекции, директен пласман има и за Франција, која е бранител на трофејот. После четири кола од квалификациите, сигурен пласман имаат и репрезентациите на Исланд, Хрватска и Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести