Карвахал среќен, првпат по пет и пол месеци облече копачки

Десниот бек и прв капитен на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, на социјалните мрежи објави фотографија на која има облечено копачки и со тоа го потврди напредокот во неговото закрепнување од тешката повреда и операција на десното колено.

Карвахал се повреди во октомври, на меч против Вилјареал, а 163 дена подоцна конечно почна да гледа светлина на крајот на тунелот и порача дека многу му недостасувало носењето копачки и тренирањето со нив.

Целта на Карвахал му е да игра на Светското клупско првенство кое почнува во средината на јуни.

„Го губиме како играч, но не и како лидер во соблекувалната, бидејќи тој е тука со нас. Нема да ја искористиме неговата сила, но ќе ја искористиме неговата глава“, рече тренерот Карло Анчелоти за Карвахал кога се повреди.

Минатата среда тој беше со тимот на Реал Мадрид во соблекувалната пред, по и за време на натпреварот со Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите и ги бодреше соиграчите на теренот за време на изведувањето на пеналите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести