Хуманитарен меч Вардар – Црвена ѕвезда на 16 април во Скопје!

Легендарниот Дарко Панчев дошол на идеја да организира хуманитарен, пријателски фудбалски натпревари меѓу македонската и српската репрезентација и гостување на Црвена ѕвезда во главниот град на Македонија на дуел со Вардар, исто така хуманитарен за помош на настраданите во Кочани.

Денеска во канцелариите на ФК Вардар стигнала и официјална потврда дека белградските Црвено-бели го потврдуваат терминот 16 април како термин за одигрување на овој хуманитарен меч.

„Се слушнав со Драган Стојковиќ-Пикси и му предложив да се организира натпревар меѓу репрезентациите. Тој веднаш ме поддржа, а идејата беше едногласно одобрена од раководните структури на Српската фудбалска федерација. Срцето ми се кине, ова е нешто каде што целиот регион мора да се обедини, за сите да покажеме дека сме луѓе! Неизмерна почит за гестот, за подадената рака, милион пати: благодарам. Во чест на оние кои… Тешко ми е, ве молам разберете. Скршен сум”, изјави Панчев за „Спорт клуб“.

Панчев го контактирал и Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена ѕвезда, за гостување на поранешниот европски и светски шампион во Скопје.

„Директорот Терзиќ ми го спомна 16 април. Благодарам, што друго да кажам. Од името на Кочани, Скопје и цела Македонија ви благодарам за грижата, за тоа што се прави за повредените, за нивниот транспорт и лекување во Србија, му благодарам на братскиот народ“, заклучува Дарко Панчев за СК.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести