Навивачката група Фемили Аеродром, која го поддржува кошаркарскиот клуб и актуелен македонски првак МЗТ Скопје Аеродром, симболично со 59 запалени свеќи изрази сочувство и им даде поддршка на оние настрадани во кочанската трагедија кои се борат за живот.
„НЕПРЕБОЛ! Македонија тагува. Загубивме 59 животи, 59 семејства останаа завиени во црно. Саати одминуваат, но болката и револтот не поминуваат. Со 59 свеќи искажуваме сочувство на блиските на загинатите и им даваме поддршка на оние кои сè уште се борат. Почивајте во мир“, порачаа аеродромци.