Највозрасниот навивач на Њукасл по 70 години се израдува на трофеј

Џон Бајби е највозрасниот навивач на Њукасл кој има купено сезонски билет за оваа сезона. Деведесет и петгодишниот навивач првпат купил сезонска карта во далечната 1948 година, кога платил 12 фунти, а сега конечно ги дочека своите моменти на слава и по 70 години се израдува на трофеј на својата омилена екипа.

Њукасл последниот трофеј го имаше освоено во 1955 година, а сега на „Вембли“ го победи Ливерпул во финалето од англискиот Лига куп. Бајби одлучи мечот во Лондон да го гледа на телевизија поради својата возраст, но беше на „Вембли“ пред две години, кога Њукасл го загуби финалето на истото натпреварување.

Бајби во својот живот од стадион го гледал Њукасл на неверојатни 1.777 натпревари. Џон пред финалето им се обратил на фудбалерите со зборовите „Ајде, покажете им како се игра фудбал!“

- Оглас -

Најнови вести