Четворица фудбалери во игра за нов напаѓач на Манчестер јунајтед

Раководството на Манчестер јунајетед планира налето да се ослободи од Џошуа Циркзе и Расмус Хојлуд и на нивно место да доведе нов напаѓач. Во конкуренција за навалната линија на Црвените ѓаволи се четворица фудбалери, за кои ќе имаат силна конкуренција бидејќи се трансферна цел буквално на половина Европа.

Се работи за Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон, Бенјамин Шешко од Лајпциг, Виктор Осимен од Наполи и Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.

Вредноста на Ѓекереш и Осимен е по 75 милиони евра, Шешко вреди 50 милиони евра, додека „најевтин“ во ова друштво е Екитике со цена од 40 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести