Вечерва дуел на двајцата најдобри македонски кошаркари во Париз

Париз баскет и Армани Милано вечерва од 20.30 часот во главниот град на Франција ќе играат важен меч од Евролигата бидејќи двата тима се борат за место во плејофот и плејин, а средбата ќе претставува и македонско дерби бидејќи еден против друг ќе се исправат Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ.

Шортс е алфа и омега во тимот од Париз, прв стрелец и главен организатор на играта, додека Димитријевиќ е во втор план кај Манекените и веќе има гласни шпекулации дека летово ќе го напушти клубот иако има договор до 2026.

Од порано е познато дека за него има сериозен интерес од најголемите руски клубови, а ако тие се вратат во Евролигата, има големи шанси Нено да заигра за ЦСКА Москва или некој друг руски гигант.

- Оглас -

Најнови вести