Во Горица отворена Книга на жалост за фудбалерот Андреј Лазаров

Хрватскиот прволигаш Горица отвори Книга на жалост за македонскиот фудбалер Андреј Лазаров, кој настрада во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Лазаров во минатата и предминатата сезона играше за Горица, а летоска се врати во Македонија и потпиша за Шкупи. Овој 25-годишен фудбалер прво излегол од дискотеката, а потоа се вратил да им помогне на оние кои останале внатре, а почина во болница.

Книгата на жалост ќе биде поставена на стадионот „Велика Горица“ од денеска до четврток.

- Оглас -

Најнови вести