Австралискиот борец и поранешен шампион на УФЦ во перолесна категорија, Александар Волкановски, зборуваше за можна борба за титулата меѓу Русинот Ислам Махачев и Шпанецот со грузиско потекло, Илија Топурија.
Се појави информација дека Махачев и Топурија ќе се борат за шампионскиот појас во лесна категорија во Лас Вегас на 29 јуни.
„Видете, се борев со двајцата. Ислам е човек кој е многу тешко да го победите. Единствената шанса да го победиш е да го нокаутираш. Тоа е моето мислење. Но, ако некој може да го нокаутира Ислам, тоа е Илија. Топурија има многу опасни раце. Во првите две-три рунди ќе биде многу опасен. Никој не сака да биде погоден од Илија“, вели Волкановски.
Волкановски двапати загуби од шампионот во лесна категорија Махачев во 2023 година, а загуби и од Топурија во 2024 година за титулата во перолесна категорија.