Јамал: По елиминацијата на Ливерпул, ние сме главни фаворити за трофејот во ЛШ

Во Барселона имаат самодоверба дека веќе се главен фаворит за освојување на Лигата на шампионите, тврди со уверување Ламин Јамал. Каталонците ја завршија групната фаза на второто место, зад Ливерпул. Тогаш Црвените беа сметани за најголемиот фаворит за титулата, но откако испаднаа од Пари Сен Жермен, Барселона ја презеде таа улога.

Тимот на Ханси Флик воедно е лидер во Ла Лига и сè уште има шанса да освои тројна круна, бидејќи продолжува да се натпреварува и во Купот на Кралот. Во првиот полуфинален натпревар против Атлетико Мадрид на домашен терен одигра 4-4, а реваншот е закажан за почетокот на следниот месец. Во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Барселона е фаворит против Борусија Дортмунд.

„Ние сме фаворити во Лигата на шампионите. Кога заврши групната фаза, реков дека фаворит е Ливерпул, бидејќи завршија на првото место. Сега тие испаднаа, па тоа сме ние. Сега сме различен тим од оној што минатата година беше елиминиран од ПСЖ. Ние сме како семејство“, изјави Јамал во интервју за каталонскиот „Спорт“.

- Оглас -

Најнови вести