Раководството на англискиот премиерлигаш Арсенал наскоро ќе започне преговори со претставниците на Букајо Сака за нов договор, објави Би-би-си“. Англискиот репрезентативец, кој не настапува од декември поради повреда, има важечки договор со Топчиите за уште две сезони.
Букајо Сака, кој има 23 години, сезонава постигна девет голови и забележа 13 асистенции за клубот.
Арсенал се наоѓа на второто место во Премиер лигата и има теоретски шанси за титулата, но Ливерпул има предност од 12 поени. Лондонскиот клуб стигна и до четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со Реал Мадрид.
Арсенал сè уште не знае кога ќе може повторно да смета на Букајо Сака, но клубот се надева дека ќе биде подготвен за натпреварите против Реал Мадрид, закажани за 8 и 16 април.