Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026 во САД, во тивка атмосфера.
Црвено-жолтите денеска одржаа тренинг на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонија ќе се соочи со Лихтенштајн на 22. март од 15 часот во Вадуц, додека на 25. март ќе ја пречека репрезентацијата на Велс во Скопје, со почеток од 20:45 часот.